Sunday, August 7, 2011

Маникир

Ќе го посветам овој пост на мојата омилена тема-нокти!Знам дека сите девојки и жени не сакаат да се лакираат, но она што е заедничко за сите припаднички на поубавиот пол е дека сакаат да имаат средени нокти.Па денес ќе ви опишам како изгледа еден мој home made маникир...



1.Првата работа што мора да ја направите е убаво да ги исчистите ноктите со отстранувач на лак за нокти (напишав отстранувач затоа што најдобро би било да не ги чистите ноктите со ацетон-тој предизвикува листање и пукање на ноктите).Внимавајте целиот нокт да ви биде чисти, и посебно посветете се на страничните делови...

2.Следно, со посебни метални стапчиња за таа намена, треба да го исчистиме делот под ноктите.За ова може да го искористите и стапчето за кутикули.Бидете внимателни со овој дел да не се повредите.Инаку, овој чекор е можеби и најважен, бидејќи со него ја вадите целата нечистотија собрана под ноктот...

3.Со метално стапче подбутнете ги кутикулите наназад.Многу е важно да не ги сечете и кинете кутикулите, а истото важи и за заноктиците(спротивно од правилата, секогаш кога ќе видам заноктица не можам да не ја скинам, што е многу болен процес.За да се спасам од ова, ги сечам заноктиците со грицкалка за нокти)...

4.Земете турпија и истурпијајте ја ноктната плоча.Со ова ја отстранувате непотребната маснотија од вашите нокти, но бидете внимателни да не претерате-само ќе ги ослабете ноктите и ќе ви се кршат почесто.Со турпијата можете да ги скратите ноктите и да им дадете форма.За овој процес не користете метална турпија-таа само ги оштетува ноктите...


5.За следниот чекор ќе ви биде потребна специјална мазна турпија.Со неа ќе ја исполирате ноктната плоча и ќе ја израмните, а вашите нокти ќе бидат посјајни...

6.После 5 фаза секогаш ги мијам ноктите со сапун, но вие не морате.Следно е нанесување на крем или масло на ноктите.Што и да одберете треба убаво да го втриете во кожата на коренот на ноктот и на ноктната плоча.Јас ја користам Essence крема за раце и нокти-ја прави кожата на рацете помека, ги зајакнува ноктите, има убав мирис и брзо се впива...

7.Почекајте ноктите целосно да ви се исушат, па почнете да се лакирате.Проѕирен базен лак би требало секогаш да имате.Овој пат, ставив само лак за растење на ноктите од Miss Sporty, и еве го конечниот резултат од маникирот: