Sunday, August 7, 2011

Маникир

Ќе го посветам овој пост на мојата омилена тема-нокти!Знам дека сите девојки и жени не сакаат да се лакираат, но она што е заедничко за сите припаднички на поубавиот пол е дека сакаат да имаат средени нокти.Па денес ќе ви опишам како изгледа еден мој home made маникир...



1.Првата работа што мора да ја направите е убаво да ги исчистите ноктите со отстранувач на лак за нокти (напишав отстранувач затоа што најдобро би било да не ги чистите ноктите со ацетон-тој предизвикува листање и пукање на ноктите).Внимавајте целиот нокт да ви биде чисти, и посебно посветете се на страничните делови...

2.Следно, со посебни метални стапчиња за таа намена, треба да го исчистиме делот под ноктите.За ова може да го искористите и стапчето за кутикули.Бидете внимателни со овој дел да не се повредите.Инаку, овој чекор е можеби и најважен, бидејќи со него ја вадите целата нечистотија собрана под ноктот...

3.Со метално стапче подбутнете ги кутикулите наназад.Многу е важно да не ги сечете и кинете кутикулите, а истото важи и за заноктиците(спротивно од правилата, секогаш кога ќе видам заноктица не можам да не ја скинам, што е многу болен процес.За да се спасам од ова, ги сечам заноктиците со грицкалка за нокти)...

4.Земете турпија и истурпијајте ја ноктната плоча.Со ова ја отстранувате непотребната маснотија од вашите нокти, но бидете внимателни да не претерате-само ќе ги ослабете ноктите и ќе ви се кршат почесто.Со турпијата можете да ги скратите ноктите и да им дадете форма.За овој процес не користете метална турпија-таа само ги оштетува ноктите...


5.За следниот чекор ќе ви биде потребна специјална мазна турпија.Со неа ќе ја исполирате ноктната плоча и ќе ја израмните, а вашите нокти ќе бидат посјајни...

6.После 5 фаза секогаш ги мијам ноктите со сапун, но вие не морате.Следно е нанесување на крем или масло на ноктите.Што и да одберете треба убаво да го втриете во кожата на коренот на ноктот и на ноктната плоча.Јас ја користам Essence крема за раце и нокти-ја прави кожата на рацете помека, ги зајакнува ноктите, има убав мирис и брзо се впива...

7.Почекајте ноктите целосно да ви се исушат, па почнете да се лакирате.Проѕирен базен лак би требало секогаш да имате.Овој пат, ставив само лак за растење на ноктите од Miss Sporty, и еве го конечниот резултат од маникирот:

Friday, July 29, 2011

Торба за на плажа

Се прашувате што треба да содржи вашата торба за на плажа?Денес ќе се обидам да ви помогнам околу тоа...Па, разгледајте ги следните совети и можеби ќе ви дадат некоја идеја...
1.Торбата за на плажа не мора да биде голема, скапа или модерна.Најважно е да е има доволно простор за се што планирате да носите.И немојте да се грижите дали  торбата е посебно убава, на плажа никој нема да го оценува вашиот моден потенцијал...Еве неколку идеи:



 
Мој предлог-во новото Веро, во Џамбо имате многу интересни торби, а цените не се многу високи...

2.Вашата торба треба да ги содржи само основните работи-мобилен, паричник, клуч...
Мој предлог-овие работи можете да ги ставите во мал несесер за да не ја превртувате цела торба секој пат кога ќе ви требаат-->



 3.Освен основните работи, вашата торба мора да содржи и нешта за забава.Додека се опуштате на лежалката и работите на добивање бронзен тен, одлично ќе ви дојде музика, добра книга...
Мој предлог:составете си летна плеј-листа на мобилниот или I-pod-от, грабнете ги слушалките и уживајте(за песните, не ви се мешам :)).А за книги, еве неколку идеи:





























4.Тие што не јадат на плажа, нека го прескокнат овој совет.А вие што јадете, внимателно читајте!Ако носите храна на плажа, многу е важно да е добро спакувана, најдобро би било да е во пластичен сад.Мора да е добро затворен, храната не смее да се допира со другите работи во торбата.Немојте да носите било што што може да се расипе, да истече или да се згмечи.Идеално решение за носење храна на плажа е во мали фрижидер-торбички кои нема да дозволат ладната храна или пиење да се стопли...

5.За крај, ви посакувам на сите што ќе одите на одмор да си поминете убаво и опуштете се, животот е убав!

Wednesday, July 27, 2011

Да почнеме!

За почеток, ќе ви ги представам ИН боите за ова лето:

Жолта-Со оваа боја секогаш ќе бидете во центарот на вниманието.Таа симболизира оптимизам, пријателство и сигурност.Сепак, не претерувајте со неа, доволно е едно парче облека во жолта боја да го комбинирате со други бои, или да имате некој жолт детал на себе...





Розева-Ги нагласува нежноста и сензуалноста.Оваа сезона, во мода се јаките тонови на розевата.Како и со жолтата, бидете внимателни да не претерате...

 



Виолетова-Оваа боја ја има многу малку во природата, па затоа го добила значењето на единственост и индивидуалност.Симболизира отменост, луксуз и моќ...





Сина-Нејзините тонови смируваат и опуштаат, па затоа сите нејзини нијанси се многу популарни.Симболизира духовност, доверба и професионализам...




Која боја да ја одберете, нема да згрешите.Разубавете го летото со аксесоари во светли бои и уживајте во вниманието што ќе го добиете!